Алкараз со пресврт против сонародник обезбеди финале на турнирот во Токио!

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, ја продолжи битката за одбрана на титулата на турнирот во Токио, откако во полуфиналето со пресврт го совлада сонародникот Хауме Мунар (5-7, 6-3, 6-1).

Мунар подобро го отвори дуелот и максимално го искористи нешто послабиот почеток на првиот носител. Алкараз правеше повеќе грешки од вообичаено, додека неговиот ривал играше исклучително трпеливо и по 57 минути игра сосема заслужено поведе во сетови. Сепак, ситуацијата драстично се промени на почетокот од вториот дел од мечот. Алкараз веднаш стигна до брејк, Мунар експресно возврати, но до скоро најдобриот во светот набрзо повторно направи разлика на сервис на противникот. Таа предност не ја испушти и со 6-3 избори решавачки трет сет.

Алкараз во одлучувачкиот сет ја презеде контролата врз играта и покажа зошто е главен фаворит на турнирот. Тој двапати му го одзеде сервисот на Мунар и без поголеми проблеми го заклучи мечот, препуштајќи му на својот сонародник само еден утешен гем.

Со ова тој се пласира во утрешното финале, каде што ќе се бори за нов трофеј во јапонската престолнина против победникот од дуелот меѓу Јиржи Лехечка и Валентин Вашер.

ФОТО: X / @atptour