Проблеми за Манчестер сити: Халанд се повреди пред дербито со Ливерпул!

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд се повреди во дуелот против Португалија (1-2) во Лигата на нации, а тоа е голем проблем за Манчестер сити кој в недела игра против Ливерпул.

Ситуацијата е загрижувачка за „граѓаните“ поради тоа што ги чека гостувањето на „Енфилд“ во рамки на Премиер лигата, а Халанд досега беше незаменлив во нападот на Сити.

Халанд треба да оди на дополнителни медицински прегледи во Манчестер, по што ќе биде познато колку време ќе паузира надвор од фудбалските терени.

Норвешкиот голгетер оваа сезона за премиерлигашот постигна седум голови на седум настапи во сите натпреварувања.

Фото: Facebook/Fotballandslaget