Ибрахимовиќ за роденден се почести со подарок од - 3,6 милиони евра (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ е познат по неговата љубов кон скапите автомобили, па реши да додаде уште еден во својата импресивна колекција, и тоа по повод роденденот.

Ибрахимовиќ на 3 октомври го прослави роденденот, а притоа реши да се почести со Ферари Ф80, кој е израотен во 799 примероци.

Италијанските медиуми пишуваат дека Швеѓанецот за новиот автомобил платил околу 3,6 милиони евра.