Кожуф го изненади вицешампионот на стартот од сезоната (ФОТО)
Скопје имаше предност во голем дел од натпреварот, но Кожуф сепак со подобра завршница успеа на најдобар можен да тргне во сезоната. Домашниот состав на средина од втората четвртина поведе и со двоцифрена разлика од 11 поени, меѓутоа тоа не се покажа како доволно.

Кожуф до пред паузата успеа да ја спушти негативата на пет поени (45-40). Пресвртот започна по израмнувањето 58-58, а со израмнет резултат се влезе и во последниот период кога на семафорот стоеше 72-72.

Таму гостите беа подобри во нападот и дојдоа до 101 поен, додека Скопје не успеа да го следи темпото, па уште на стартот го претрпе првиот пораз.
Во редовите на Кожуф Никола Бојчев се истакна со 24 поени, а го следеше Армстронг со 23, додека на спротивната страна Колин Паркер и Камерон Џонс уфрлија по 26.



