Антички воин и кралица - главни фаци годинава на Скопски маратон (ФОТО)

Како секоја година, Скопскиот маратон и оваа понуди широка лепеза од интересни ликови кои, меѓу другото, ја искористија манифестацијата за забава.

Низ улиците на главниот град на Македонија можеа да се забележат голем број интригантни и занимливи маски кои го предизвикаа вниманието врз себе.

Најинтересни беа античкиот воин кој се натпреваруваше во униформа од војската на Александар Македонски, како и кралицата која со круна на главата ја истрча патеката.