Малески: Треба да ги кренеме главите и да изиграме машки во Швајцарија!
Христијан Малески имаше само пофални зборови за Шкотска, но веќе со мислите е на натпреварот против Швајцарија на гостински терен.
„Среќен сум што добивам шанса, секогаш гледам да дадам максимум за нашата репрезентација. Ова беше тврд и тежок натпревар. Треба да ги кренеме главите и да одиме да изиграме машки во Швајцарија, конечно да постигнеме гол и да почнеме да победуваме. Шкотска е цврста екипа, нивниот гол на стартот нè пресече. Верувам дека ќе одиграме добар натпревар на гости кај Швајцарија и се надевам дека ќе победиме. Прилично е тешко да си напаѓач на Македонија во моментов, зашто немаме постигнато гол, но се надевам дека наскоро ќе дојдат и погодоците“, кажа Малески.
Натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија се игра на 6 октомври од 20.45 часот.