Тиквеш го уништи Штип на стартот на Суперлигата!

Тиквеш славеше во пресметката против Штип со 93-65 на стартот на новата сезона во кошаркарската Суперлига.

Штип влезе многу лошо во натпреварот и постигна само девет поени, додека Тиквеш беше разигран и ја доби првата четвртина со 30-9.

Домашниот тим во продолжение заигра за нијанса подобро и пред завршните 10 минути намали на 53-68.

Екипата од Кавадарци повторно доминираше на паркетот во последната четвртина, па на крајот стигна до убедлив триумф од 95-63.

Санфорд, Александровски и Хамилтон постигнаа по 13 поени за Штип, додека најефикасен во победата на Тиквеш беше Смит со 25 поени.

Фото: Facebook/ГKK Штип 1933