Ривалството не заврши: Меси и Роналдо повторно се „судираат“ во Шпанија

Лионел Меси и Кристијано Роналдо повторно ќе имаат заедничка приказна во шпанскиот фудбал, но овојпат не како играчи, туку како сопственици на клубови.

Меси официјално го презеде мнозинскиот удел во Елденсе, клуб кој настапува во шпанската Сегунда. Со ова, Аргентинецот продолжува со вложувањата во шпанскиот фудбал и започнува нов проект со клубот од Аликанте.

Од другата страна, Кристијано Роналдо поседува 25 проценти од Алмерија, исто така клуб од Сегунда. Португалецот во февруари годинава влезе во сопственичката структура на клубот преку својата компанија CR7 Sports Investments. Интересно е што Елденсе и Алмерија веќе се сретнаа оваа сезона. Алмерија славеше убедливо со 3-0, но новиот дуел ќе има дополнителна тежина поради сопственичката врска со двете легенди.

Елденсе и Алмерија повторно ќе играат на 2 мај 2027 година, а домаќин ќе биде Елденсе на стадионот „Нуево Пепико Амат“.

Така, големото ривалство меѓу Меси и Роналдо добива нова димензија. По легендарните пресметки како фудбалери на Барселона и Реал Мадрид, двајцата сега повторно се поврзани со шпански фудбалски дуел – овојпат како сопственици.