Нова афера: Инфантино знаел за неправилностите на Сити уште во 2014 година!?

Случајот со финансиските прекршоци на Манчестер Сити добива ново поглавје, кое дополнително ќе го стресе светскиот фудбал. По одлуката на независната комисија на Премиер лигата, во центарот на вниманието повторно се најде Руи Пинто, кој ги откри документите во аферата „Фудбал Ликс“.

Пинто сега излезе со тврдења дека Џани Инфантино, кој во 2014 година беше генерален секретар на УЕФА, дека актуелниот претседател на ФИФА бил запознаен со неправилностите поврзани со Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.

Според неговата верзија, Инфантино наводно имал информации за проблемите со финансискиот фер-плеј и учествувал во процесот по кој клубовите биле санкционирани со финансиски казни, наместо случајот да биде проследен кон подлабока истрага.

Тврдењата доаѓаат само неколку дена откако независната комисија на Премиер лигата утврди дека Манчестер Сити сериозно ги прекршувал финансиските правила во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18.