Аларм во Мадрид: Реал има сериозен проблем пред мечот со Виљареал

Проблемите со повредите во Реал Мадрид продолжуваат, а најголемата главоболка за Жозе Мурињо моментално е позицијата централен дефанзивец, каде што има само еден стопер кој е подготвен за настап против Виљареал.

Клубот потврди дека Раул Асенсио ќе мора да биде опериран, а според објавените информации, шпанскиот дефанзивец би можел да паузира меѓу два и четири месеци.

Ситуацијата дополнително се комплицира поради тоа што Дин Хујсен е суспендиран, додека Ибрахима Конате се опоравува од повредата на коленото.

Во моментов, Антонио Рудигер е единствениот достапен стопер за претстојниот натпревар.

Фото: Facebook/RealMadridCF