Аргентинските таленти сè повеќе ја избегнуваат Премиер лигата поради лошата атмосфера
Според „Дејли мејл“, скаути и луѓе вклучени во трансферите на аргентинскиот пазар сметаат дека на дел од најголемите таленти им e советувано место Премиер-лигата да изберат клубови од Шпанија, Италија или Португалија.
Во центарот на вниманието се најдоа Енцо Фернандез, Лисандро Мартинез и Валентин Барко, кои по драматичниот триумф на Аргентина над Англија се соочија со негативни реакции од дел од англиската јавност. Иако поискусните репрезентативци полесно можат да се справат со таквиот притисок, аргентинските трансфер-експерти сметаат дека за млад играч, кој истовремено треба да се адаптира на нова лига, земја и култура, дополнителната тензија може да претставува проблем.
Англиските клубови и понатаму внимателно го следат аргентинскиот пазар. Меѓу младите фудбалери кои веќе го привлекле нивното внимание се Томас Аранда, Леонел Флорес и Тобијас Андрада, но актуелната ситуација би можела да влијае врз нивната одлука при изборот на следниот клуб.