Гвардиола излезе во јавност по скандалот со Сити: „Ќе поминеме низ ова заедно“
Шпанскиот тренер истакна дека останува зад клубот, сопственикот, претседателот, раководството, играчите, стручниот штаб, актуелниот тренер Енцо Мареска и навивачите.
„Сакам секој навивач на Манчестер Сити ширум светот да знае дека сум тука – повеќе од кога било. Секогаш сум бил и секогаш ќе бидам зад мојот клуб. Да бидам јасен: ќе поминеме низ ова заедно. Ве сакам сите“, порача Гвардиола.
Манечестер Сити е прогласен за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер-лигата. Клубот ги отфрла наодите и најави жалба, а конечните санкции допрва треба да бидат утврдени.
Гвардиола го напушти Манчестер Сити по завршувањето на минатата сезона, по десет години поминати на клупата. Во тој период освои шест титули во Премиер-лигата, Лигата на шампионите и вкупно 20 трофеи со клубот.