Алкалоид и Бутел ќе бидат домаќини во првите натпревари во ЕХФ купот

Одредени се термините за второто коло во ЕХФ Европскиот куп, па така Алкалоид и Бутел ги дознаа по кој редослед ќе ги играат своите двомечи.

Алкалоид портив австрискиот Ферлах првиот натпревар го игра на 17 октомври на домашен терен, додека седум дена подоцна ќе гостува во Австрија.

Бутел исто така е домаќин во првиот натпревар на 17 октомври на Горица на која ќе ѝ гостува на 24 октомври.

Охрид кој исто така игра во ова натпреварување претходно потврди дека во договор со турскиот клуб Спорт Тото двата дуели ќе игра на свој терен на 23 и 24 октомври.