Парма го избрка вториот најмлад тренер во историјата на Серија А

Eкипата на Парма ги изненади навивачите со одлуката да се раздели со тренерот Карлос Куеста.

Куеста ги собра симпатиите на италијанската јавност со атрактивната и напаѓачка игра која ја практикуваше, а минатата сезона со него тимот заврши на 12-тата позиција.

Во изминатиот период имаше и понуди од други клубови, но се одлучи да остане во Парма верувајќи дека ќе дојдат и посериозни инвестиции, сепак ветувањата не беа исполнети и тоа како што пишуваат медиумите во Италија довело до конфликт.

„Карлос Куеста повеќе не е тренер на нашиот клуб. По последниот состанок стана јасно дека нема услови за продолжување на соработката на професионално ниво за да го продолжиме да го развиваме нашиот проект. На крајот донесовме заедничка одлука да се разделиме“, објави Парма.

Куеста исто така беше и втор најмлад тренер во историјата на Серија А. Сезонава Парма по пет кола се наоѓа на 15. позиција со четири освоени бодови.