Де Хеа го пецна Манчестер сити по пресудата: Колку титули имам во Премиер лигата?

Капитенот на Фиорентина и поранешен голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа реагираше по пресудата дека Манчестер сити е виновен за 114 од 115 точки од обвинението за прекршување на финансиските правила.

„Граѓаните“ се обвинети дека прекршиле голем број правила, но засега не е позната санкцијата со која ќе се соочат, а една од најжестоките кои се споменуваа е одземање на освоените титули во периодот за кој се обвинети, односно од 2009 до 2018 година.

„Колку титули во Премиер лигата имам освоено?“, праша Де Хеа по пресудата за Манчестер сити.

Де Хеа официјално има освоено една титула со Манчестер јунајтед, но во споменатиот период два пати заврши втор зад Манчестер сити.

Фото: Facebook/ACF Fiorentina