Светски и европски шампион вози автомобил од 3.000 евра! (ФОТО)

Унаи Симон е еден од најуспешните шпански голмани во последните години, но и покрај големите достигнувања во кариерата, неговиот животен стил е далеку од тоа што обично се поврзува со врвните фудбалери.

Голманот на Атлетик Билбао со Шпанија стана светски и европски шампион, но и покрај успешната кариера и високите примања, 29-годишниот голман не се определил за луксузен автомобил.

Наместо скапи модели, Симон веќе осум години вози „Рено Вел Сатис“, чија вредност на пазарот е околу 3.000 евра.

„Имам автомобил и ќе го возам додека моторот не престане да работи“, кажа Симон.

Фото: Facebook/Selección Española de Fútbol (SeFutbol)