Радикални мерки на „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед отпушти 322 вработени!

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед продолжува со мерките за намалување на трошоците, а најновите податоци откриваат колку големи се промените во структурата на клубот. Во период од две години, бројот на вработени паднал за 322 лица, од 1.127 на 805.

Најголемите кратења ги почувствувале медиумскиот и комерцијалниот сектор. Бројот на вработени во медиумскиот оддел бил намален за 45 проценти, додека во комерцијалниот сектор кратењето изнесувало 44 проценти. Дополнително, 161 работно место било укинато во администрацијата и поврзаните оддели, додека биле намалени и позициите поврзани со фудбалскиот сектор.

Мерките се дел од пошироката стратегија за намалување на загубите и создавање поодржлива финансиска структура во гигантот.