Швајцарија води против Македонија: Фројлер ја затресе мрежата на Столе (ВИДЕО)

Швајцарската фудбалска репрезентација ја има контролата врз мечот против Македонија во Скопје, а од 22. минута води со 1-0 откако во листата на стрелци се запиша Ремо Фројлер.

По големиот притисок од стартот на натпреварот, Швајцарија конечно го матира Столе Димитриевски преку Фројлер.