Шок за фановите на боксот: Пропаѓа спектаклот меѓу Фјури и Џошуа?!

Само неколку дена откако беше закажана борбата меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за 11 декември во Кардиф, од Велика Британија пристигнуваат најави дека овој спектакл би можел да биде откажан.

Фјури тврди дека неговиот сонародник и промотор Еди Херн се обидуваат да се откажат од борбата меѓу двајцата поранешни светски шампиони во тешка категорија.

Големиот британски дуел официјално беше најавен во четвртокот од промоторот Турки Алалшик и стриминг платформата Нетфликс. Фјури и Џошуа треба да се борат за титулата светски шампион во тешка категорија во верзијата на ВБА, но несогласувањата се појавија само еден ден по најавата.

„Ентони Џошуа и Еди Херн се обидуваат да се откажат од оваа борба. Велат дека сега не сакаат да се борат“, порача Фјури во неговото последно обраќање на социјалните мрежи.

Ројтерс ја контактирал промоторската куќа „Matchroom Boxing“ на Херн, барајќи коментар за тврдењата на Фјури.

Херн претходно изјави дека тој и Џошуа инсистирале борбата да се одржи во Обединетото Кралство, додека промоторите првично го предложиле „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Останува нејасно дали овие несогласувања би можеле да ја загрозат една од најочекуваните боксерски пресметки во последните години.