Крај на соработката: Ериксен ненадејно си замина од Волфсбург!
Ериксен пристигна како слободен агент во Волфсбург, меѓутоа не издржа долго, а како причина за прекинот на договорот е желбата да биде поблиску до неговото семејство во Данска.
„Во овој момент поважно ми е да бидам поблиску до семејството во Данска. Мило ми е што најдовме заедничко решение. Моето време во Волфсбург беше одбележано со успеси и падови. Знам дека клубот е во добри раце и го чека светла иднина“, кажа Ериксен.
Данскиот фудбалер претходно играше за Ајакс, Тотнем, Интер и Манчестер јунајтед.
Фото: Facebook/VfL Wolfsburg