Познат УФЦ-борец се превртел со возило при брзина од 100 км/ч (ВИДЕО)

УФЦ-борецот Шон Стрикленд доживеал сообраќајна незгода во Лас Вегас, откако возилото во кое се наоѓал се превртело при брзина од околу 100 километри на час.

Американскиот борец потоа на социјалните мрежи споделил детали за инцидентот и признал дека не носел кацига. Според неговото сведоштво, со возилото управувал негов пријател Крис, а при несреќата возилото се превртело повеќе пати.

Стрикленд се здобил со повреди на главата и рамото, додека неговиот пријател бил пренесен во болница по инцидентот.