Ивановски по речиси два часа ја помина првата пречка во Чешка
Првиот сет почна со брејкови на сервисите на двајцата тенисери. Најпрво Ивановски му го одзема сервисот на ривалот, а потоа Хобола возврати за 1-1. Македонецот, сепак, направи уште еден брејк во продолжение и со 6-4 го освои сетот.
Во вториот сет се водеше голема борба меѓу тенисерите, а Ивановски во деветтиот гем направи брејк за потоа да сервира за конечни 6-4.
Ивановски во осминафинале на турнирот ќе се соочи против Клаус Пенинг.