Teнзии на пресот на Холандија: Ван Дајк се скара со новинарите (ВИДЕО)

Капитенот на холандската репрезентација Вирџил Ван Дајк влезе во жестока расправија со новинарите на прес-конференцијата пред почетокот на Лигата на Нации.

На Ван Дајк не му се допаднаа неколку прашања и тврдења што му ги упатија новинарите, а особено се судри со Валентајн Дрисен од „Де Телеграф“.

Сè започна по прашањето на новинарката Ноа Вале. Ван Дајк ја отфрли како „целосна глупост“ информацијата дека неговата идеја била Холандија да игра со петмина дефанзивци против Мароко на Светското првенство. Според него, токму новинарите минатото лето ја сугерирале таа можност.

Потоа Ван Дајк имаше напнати разговори и со Мартен Вајфелс и Мартин Крабендам, по што се вклучи и Дрисен.

Дрисен: „Вирџил, денеска ова е навистина напорно, нели? Малку си нерасположен. Инаку си прилично симпатичен човек.“

Ван Дајк: „Понекогаш некои работи мора да се кажат. Не можам постојано само да го слушам тоа кукање.“

Дрисен: „Но, можеш ли барем малку да бидеш поотворен? Многу кратко одговараш.“

Ван Дајк: „Овде не водиме разговор. На прес-конференција само треба да поставиш прашање.“

Дрисен: „Многу кратко одговараш. Едноставно можеш да одговориш, нели?“

Ван Дајк: „Немам никаков проблем со голем дел од медиумите и никогаш не сум го имал, но кога во јавноста се пласираат глупости, што треба јас да направам со тоа?“

Дрисен потоа му порача дека треба да разговара со медиумите кои се одговорни за таквите тврдења.

„Па, зарем токму сега не разговарам со нив?“, одговори Ван Дајк, по што расправијата заврши.