Швајцарците во Скопје доаѓаат во голема бројка, ќе имаат и марш до стадионот!
Швајцарците во Скопје ќе имаат и голема поддршка од солидна бројка на свои навивачи. Од федерацијата објавија и упатства кои ќе треба да ги почитуваат за да се избегнат евентуелни проблеми.
Собирот на навивачите ќе почне во 16:00 часот пред ГТЦ, а за од 19:00 часот е закажан марш до стадионот.
Исто така во објавата се замолуваат навивачите да не лепат налепници во локалот каде што ќе бидат сместени, додека за на стадионот се наведува дека е дозволено внес на знамиња и кравји звона кои традиционално ги користат.
Терминот за натпреварот е закажан во 20:45 часот.