Саудијците добија „корпа“ од Италија: Не би работел таму ниту за 18 милиони евра!

Во Саудиска Арабија не штедат пари кога сакаат да добијат некоја фудбалска ѕвезда, а така беше и со тренерите, меѓутоа италијанскиот стратег Маурицио Сари вели дека никогаш не би се преселил во таа земја.

Сари откри дека повеќе пати имал шанси да се пресели во С. Арабија за многу поголема плата, но парите не биле доволна причина за да го напушти европскиот фудбал.

„Не би прифатил ниту 18 милиони евра по сезона за да работам во Саудиска Арабија. Можев за еден месец да заработам сè што заработувам тука за една година“, вели Сари.

Италијанецот посочи дека неговата одлука е поврзана со љубовта кон фудбалот, а не за финансиска корист.

Фото: Facebook/Atalanta Bergamasca Calcio