Бивш француски фудбалер со жестоки обвинувања: Мбапе купува гласови за „Златната топка“

Во пресрет на доделувањето на „Златната топка“, кое ќе се одржи на 26 октомври во Лондон, во Франција се појавија жестоки обвинувања поврзани со Килијан Мбапе.

Поранешниот француски репрезентативец Жером Ротен тврди дека тимот на напаѓачот на Реал Мадрид се обидува да влијае врз гласачите.

„Ако Мбапе ја освои ‘Златната топка’, тоа ќе значи дека нешто се случувало во позадина. Дали сте свесни дека купува гласови за да ја освои таа проклета награда? Ви гарантирам дека го прави тоа“, кажа Ротен.

Меѓу фаворитите за престижната награда се Мбапе, Ламин Јамал, Хари Кејн, Родри и уште неколку фудбалери.

Фото: Facebook/Équipe de France de Football