Судијата од дербито меѓу Атлетико и Реал ќе биде суспендиран!?
Според информациите објавени од „Копе“, судијата најмалку на следните два натпревари во шпанското првенство нема да може да суди. Сепак, засега нема официјална потврда за конкретната санкција.
Ортиз Аријас се најде во центарот на вниманието по победата на Атлетико од 2-1, поради неколку спорни ситуации.
„Кралскиот клуб“ особено реагираше на стартовите на Ромеро врз Џуд Белингам и Канг-Ин Ли врз Федерико Валверде, додека и Комитетот на судии оцени дека во најмалку една од овие ситуации требало да биде покажан црвен картон.