Виктор Џокереш незадоволен во Арсенал - веќе има најдено нов клуб!
Откако лондонскиот клуб ја освои титулата во англиската Премиер лига, менаџерот Микел Артета започна со спроведување на значителни промени во играчкиот кадар, поради што неколку донеодамна клучни фудбалери, вклучително и шведскиот репрезентативец, го загубија својот статус во тимот. Ситуацијата за Џокереш дополнително се влоши бидејќи Арсенал цело лето бараше напаѓач со профил сличен на Каи Хаверц, па сега Артета го смета Швеѓанецот дури како трет избор во нападот.
Тој од почетокот на сезоната има одиграно вкупно 207 минути на пет настапи, а единствен пат кога се најде во почетниот состав беше на натпревар од Лига купот. Во Премиер лигата неговата ситуација е уште полоша, бидејќи од пет натпревари, три пати остана на клупата за резерви, додека на останатите два доби помалку од 17 минути за игра. Поради ваквото незадоволство од минутажата, агентите на играчот веќе започнаа со барање на нов клуб, а најголем интерес досега има покажано калчолигашот Милан.
„Италијанскиот клуб започна прелиминарни разговори со претставниците на играчот за да ги испита финансиските услови и можноста за трансфер веќе во јануари. Милан наводно предлага позајмица со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната“, пренесуваат англиските медиуми.
Покрај контактите со гигантот од Милано, услугите на шведскиот напаѓач му биле понудени и на Јувентус, но торинскиот клуб до овој момент нема покажано конкретен интерес за реализација на евентуален трансфер.