Тежок удар за Србите - без Влаховиќ на стартот од Лигата на нации
Напаѓачот на Бешикташ, кој во последниот период се наоѓа во одлична форма, го информирал селекторот Вељко Пауновиќ дека нема да биде во можност да настапи на претстојните четири натпревари во Лигата на нациите.
Отсуството на Влаховиќ доаѓа во незгоден момент за „орлите“. Тој по пристигнувањето во Бешикташ остави одличен впечаток, постигнувајќи голови и демонстрирајќи голема желба и мотив, па се очекуваше добрата форма да ја пренесе и во репрезентативниот дрес. Пауновиќ така останува со една опција помалку во нападот, но во составот има алтернатива во името на Лука Јовиќ. Напаѓачот исто така се наоѓа во добра голгетерска форма и редовно ја тресе мрежата во дресот на својот клуб, како и на меѓународната сцена.
Србија в четврток ја очекува дуелот со Грција, со кој ќе го започне новиот циклус во Лигата на нациите. За селекторот Пауновиќ, повредата на Влаховиќ претставува дополнителна главоболка во подготовката на тимот.