Меси со специјален дрес ќе игра на прошталниот натпревар за Аргентина (ФОТО)

Лионел Меси го претстави специјалниот дрес со кој ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на Аргентина.

Легендарниот фудбалер објави видео на социјалните мрежи на кое ги подготвува копачките и го менува еден дрес со друг, а објавата ја придружи со емотивна порака: „Последниот натпревар... Дрес за цел живот“.

Меси ќе се прости од националниот тим на 6 октомври, кога Аргентина на „Монументал“ во Буенос Аирес ќе игра против Бенин. Дресот за оваа посебна пригода има златно испишани презиме „Меси“ и бројот 10. Околу бројката е поставено „Мајското сонце“, еден од најпрепознатливите национални симболи на Аргентина.

За Меси ова ќе биде емотивен крај на една неверојатна репрезентативна ера. За националниот тим дебитираше во 2005 година, а со Аргентина освои Светско првенство во 2022 година, две титули на Копа Америка во 2021 и 2024 година, како и Финалисима во 2022 година. На Светското првенство во 2026 година Меси стигна до финалето со Аргентина, но неговиот тим загуби од Шпанија со 0:1.

Досега Меси има одиграно 207 натпревари за Аргентина и постигнато 125 голови.