Салах ја уништи Галатасарај па доби лоша вест - му ја одземаа возачката!

Мохамед Салах по фантастичниот викенд во кој беше херој на Трабзонспор во победата над Галатасарај со 4-0 во која блесна со хет-трик и асистенција остана без возачка дозвола.

Египетската ѕвезда е казнета за пребрзо возење и поради тоа возачката дозвола му е одземена на шест месеци. Станува збор за прекршок кој напаѓачот го направи март минатата година во Англија како фудбалер на Ливерпул.

Тогаш Салах се движел со брзина од 58 километри на час на место каде што било дозволено 48. Покрај тоа што ќе биде без возачка дозвола, Салах ќе плати и парична казна од околу 1.200 евра.