Taневски објави поширок список на фудбалери за дуелот со Русија

Новиот селектор на репрезентацијата до 21 година, Александар Таневски денеска објави поширок список на фудбалери за завршните два натпревари во квалификациите за ЕП 2027.

Пред дуелите со Црна Гора и Шведска, Македонија ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Русија до 20 години во Скопје и по тој натпревар Таневски ќе го скрати списокот.

Македонија пред последните два натпревари е петта во групата со шест бода, Полска е лидер со 24, Италија има 21, а Црна Гора и Шведска по десет. Зад нас е само Ерменјија без бодови.

Голмани: Џеков Љупче (Силекс), Вргов Славе (Брера), Димовски Натаниел (Пелистер), Филевски Никола (Брегалница);

Одбрана: Радевски Златко (Тетекс), Танчев Ѓорѓе (ФК Брера), Велков Андреј (Брегалница), Цветковски Филип (Вардар), Реџеп Мурати (Малишева, Косово), Атанасовски Лука (Тетекс), Мурати Адис (Башкими), Серафимов Давор (Скопје), Митрев Марио (Брера);

Среден ред: Тасовски Васил (Младост Лучани, Србија), Шаботиќ Емир (Детонит), Аризанковски Андреј (Шкендија), Николовски Теодор (Тиквеш), Ангелов Матеј (Брегалница), Масларов Илија (Лугано, Швајцарија), Тасев Даријан (Брегалница), Трпевски Лука (Црвена Звезда, Србија);

Напад: Величковски Никола (Скендербег, Албанија), Ристовски Стефан (Башкими), Манојлов Никола (Силекс), Данев Димитар (Вардар), Арифи Салим (Митровица, Косово), Николовски Марко (Охрид), Љатифи Адмир (Осијек, Хрватска), Мехмед Аритон (Шкендија Арачиново), Хоџа Дитмир (Лидс, Англија), Куртиши Мухамед (Раперсвил-Јона, Швајцарија), Џангаровски Мартин (Радник Сурдулица, Србија), Исламовиќ Фадил (Кустошија), Шириќ Иван (Брера);

„Со оглед на тоа што ни следат последните два натпревари од тековниот квалификациски циклус, сакаме да им дадеме простор и на помладите фудбалери, кои треба да бидат дел од следната генерација до 21 година. Секој натпревар за репрезентацијата мора да се игра со максимална одговорност, дисциплина и желба за резултат. Тоа не се менува без оглед на околностите и фазата во која се наоѓаме.

Во исто време, наша обврска е паралелно да градиме тим за иднината. Овие натпревари се добра можност да видиме на кои фудбалери можеме да сметаме во следниот квалификациски циклус и да им дадеме шанса да стекнат меѓународно искуство. Сакаме да создадеме здрава конкуренција и постепено да ја подготвиме следната генерација за предизвиците што ја очекуваат“, изјави Таневски.