Втор триумф за Леверкузен: Гутиерез и Шик го решија Лајпциг (ВИДЕО)
Лајпциг погоди преку Нкунку во 34. минута, но голот беше поништен поради офсајд, по што Шик во завршницата од првиот дел донесе предност за „фармацевтите“ (1-0).
Гутиерез во вториот дел постигна уште еден погодок за Леверкузен и со тоа му ја донесе втората победа сезонава во лигата.
Леверкузен е петтопласиран со седум бодови, додека Лајпциг е на деветтата позиција со шест поени.
Фото: Facebook/Bayer 04 Leverkusen