Виљареал подобар од Леванте, Бетис ремизира против Депортиво

Фудбалерите на Виљареал славеа со 3-1 против Леванте, додека Бетис ремизира на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња.

Перез го отвори резултатот на „Естадио де ла Керамика“ и донесе предност за „жолтата подморница“, додека Ромеро во финишот на првиот дел погоди за 1-1.

Виљареал постигна уште два гола во второто полувреме, и тоа преку Молеиро и Микаутаѕе за триумф од 3-1.

Бетис водеше со голот на Ернандез од 43. минута против Депортиво Ла Коруња, а домаќините се спасија од пораз преку Вилјареас во 87. минута.

Фото: Facebook/Villarreal CF