Македонецот во форма: Чурлинов го легна голманот и донесе голема победа за Погон (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, продолжува да ја подобрува натпреварувачката форма, постигнувајќи го својот трет погодок сезонава за екипата на Погон и тоа во победата на гостувањето против тимот на Пјаст (2-1).

Натпреварот започна одлично за гостите, кои стигнаа до почетно водство уште во 12. минута преку спектакуларниот погодок со „ножички“ на Гарсија. Домашниот состав успеа да се врати во игра и да израмни, по што резултатот долго време беше изедначен на 1-1. Клучниот момент се случи во 57. минута кога на сцена стапи македонскиот офанзивец. Чурлинов доби одлична топка во празно, мајсторски го измами и го помина противничкиот голман, по што рутински ја испрати топката во мрежата за победничко водство на Погон.

Ефикасноста на Чурлинов претставува охрабрувачка вест за македонскиот национален тим во пресрет на предизвиците од новата сезона во Лигата на нации, а тоа се четирите меча на крајот од септември и почетокот од октомври.