Скандал во Англија: Џексон даде гол за Астон Вила, па симулираше - сечење глава (ВИДЕО)
Иако со овој гол напаѓачот го прекина голгетерскиот пост во Премиер лигата, неговиот бизарен потег предизвика лавина негативни реакции на социјалните мрежи, при што дел од навивачите побараа дури и негово целосно исфрлање од фудбалот. Веднаш по одличниот прием на топката и реализацијата, Џексон застана директно пред телевизиските камери, покажа палец нагоре, брзо го спушти надолу, а потоа направи гестикулација со раката преку вратот која наликуваше на симулација на сечење глава. Значењето на оваа морничава порака останува непознато.
За Џексон ова беше прв придонес во домашното првенство, откако во првите три кола немаше ниту гол ниту асистенција, иако претходно беше стрелец во победата против Клуб Бриж во Лигата на шампионите. Тој пристигна во Астон Вила ова лето од редовите на Челси за сума од 55 милиони евра, по претходна неуспешна позајмица во Баерн Минхен.
Сличен скандал изминатиот викенд ја потресе и Франција. Младиот германски репрезентативец и член на Монако, Парис Брунер, направи идентична гестикулација на сечење врат по постигнат гол. Поради овој потег, младиот фудбалер се соочува со можна суспензија за која допрва ќе одлучува дисциплинската комисија на француската Лига 1.