По 14 години: Се врати најжестокото лондонско дерби - 400 полицајци спречуваат хаос!

По 14 години чекање, денеска на стадионот „Д Ден“ повторно ќе се сретнат екипите на Милвол и Вест Хем, кои ги врзува едно од најголемите и најжестоките лондонски ривалства се враќа во рамките на натпреварувачкиот фудбал и тоа со јубилејниот 100-ти меѓусебен дуел.

Вест Хем го дочекува овој дуел на самиот врв на табелата со амбиција за брз камбек во Премиер лигата, додека Милвол својата шанса ќе ја бара пред полните трибини на својот стадион. Вниманието во Лондон одамна не е насочено само кон случувањата на зелениот терен. Поради бурното и насилно минато на ова ривалство, безбедносните мерки се подигнати на исклучително високо ниво, а за дербито се ангажирани околу 400 полицајци.

Покрај стотиците полициски службеници, ќе бидат вклучени и полициски кучиња, коњаница, како и засилен видео-надзор со строго раздвојување на двете навивачки групи. Колку овој натпревар може да биде проблематичен покажа средбата од Лига купот во 2009 година, кога навивачите влегоа на теренот на „Аптон Парк“, додека еден приврзаник на Милвол беше избоден надвор од стадионот.

Приказната за Милвол и Вест Хем е многу постара од нивните фудбалски пресметки, а корените на ривалството сегнуваат до крајот на 19. век и работниците во бродоградилиштата од двете страни на реката Темза. Вест Хем, тогаш познат како Темс Ајронворкс, ја претставувал работничката заедница од источен Лондон, додека Милвол настанал на другата страна од реката, поради што нивниот дуел го добил називот „Дерби на докерите“. Последната натпреварувачка средба овие два тима ја одиграа на 4 февруари 2012 година, кога „чеканите“ славеа со 2-1. Статистиката во пресрет на јубилејното дерби покажува колку било израмнето ривалството низ историјата, при што Милвол има 38 победи, Вест Хем 34, додека 27 натпревари завршиле без победник.

Денешната средба заврши со реми (2-2) и тоа со два гола на домаќините во првото и два гола на гостите во второто полувреме.