Лудница во Австрија: Мартин за 15 илјадитинки му ја „украде“ пол-позицијата на Маркез!
Ова е трета пол-позиција во тековната сезона за Шпанецот, а зад него заврши актуелниот светски шампион, Марк Маркез. Возачот на Дукати оствари послабо време за само 0,015 секунди, најавувајќи исклучително неизвесна борба за триумфот на патеката. Третото место во квалификациите му припадна на возачот на КТМ, Педро Акоста, кој низ целта мина со заостанување од 0,071 секунди зад првопласираниот Мартин.
Спринт-трката за Големата награда на Австрија е закажана за денеска со почеток во 15 часот, додека главната трка ќе се вози утре од 14 часот. Овој тркачки викенд носи дополнителна возбуда поради фактот што пред трката Маркез и Мартин имаат идентичен број бодови во генералниот пласман, односно по 274. На третата позиција во вкупниот поредок се наоѓа Марко Бецеки со 241 освоен бод.
