Неверојатни сцени: Пенал мораше да се изведе 45 минути подоцна поради воздушна тревога! (ВИДЕО)

Фудбалскиот натпревар меѓу Черноморец Одеса и Оболон во Украина донесе неверојатна сцена, односно изведувањето на пенал беше одложено цели 45 минути поради воздушна тревога.

Кирило Попов се подготвуваше да шутира од белата точка кога беше активирано предупредување за воздушен напад. Натпреварот веднаш беше прекинат, а продолжи дури откако опасноста помина.

По враќањето на теренот, Попов повторно застана зад топката и го реализираше пеналот. Натпреварот во Одеса во текот на мечот беше прекинуван дури трипати поради воздушни тревоги.