Хит понуда на Евертон: За 25.000 фунти можете да стане фудбалер на една недела!

Понуда која ја објави премиерлигашот Евертон многу брзо стана хит на социјалните мрежи бидејќи ваква досега не се памети. 

Имено, Евертон нуди можност една недела буквално да станете играч на клубот, односно да искусите и поминете низ сè она што во една недела поминува еден фудбалер.. Но, за такво нешто ќе треба да платите 25.000 фунти.

„Карамелите“ на своите навивачи, но и на сите љубители на фудбалот, им го претставија својот ВИП аранжман кој можете да го купите за споменатата сума и така седум дена да бидете најблиску што можете до професионален фудбалер во Премиер лигата.

Целта, пред сè, е да добиете увид во тоа како изгледа една вообичаена недела во животот на фудбалер на Евертон.

Што вклучува пакетот?

- Престој во хотелот во кој редовно престојуваат играчите

- Тимски појадок со фудбалерите

- Патување со тимот

- Учество на еден тренинг

- Присуство на тимските состаноци и состанок со менаџерот

- Загревање со резервните играчи покрај аут-линијата

- Седење на клупата за резерви за време на натпреварот

- Персонализирана маица