Тухел во составот на Англија врати две големи имиња кои ги изостави за Мундијалот (ФОТО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, денеска го објави списокот на играчи за претстојните натпревари во Лигата на нации.

Англија најпрво на 26 септември ќе ја пречека Шпанија, потоа ќе гостува кај Чешка (29 септември) и Хрватска (3 октомври), а циклусот ќе го заврши со домашен натпревар против Чешка на 6 октомври.

Кол Палмер и Трент Александер-Арнолд, кои беа меѓу звучните имиња што изостанаа од составот на Тухел за Светското првенство, сега добија повик во националниот тим. За разлика од нив, на списокот повторно го нема Фил Фоден, како ниту повредениот Рис Џејмс. Осумнаесетгодишниот напаѓач на Ливерпул, Рио Нгумоа, се најде на списокот, заедно со играчот за врска на Борнмут, Алекс Скот.

Англија го освои третото место на овогодинешното Светско првенство, што е нејзин најдобар пласман по освојувањето на турнирот во 1966 година. Сепак, Тухел беше критикуван за начинот на кој го водеше тимот во полуфиналниот пораз од Аргентина. Англија водеше со 1-0 до 85. минута, но на крајот загуби со 2-1.