Нема приватни авиони и луксуз: Во големиот гигант се возат со метро, а засилувањата им доаѓаат со комбе!
Но, сега мерките за штедење, сепак, одат многу подалеку од продажбата на играчи и ги опфаќаат сите сегменти на клубот. Под водство на новата сопственичка, Американката Мишел Канг, товарот го чувствуваат сите, од директорите до тренерите. Челниците на клубот наместо такси користат метро, а генералниот директор дури се пошегувал дека тренерот Пауло Фонсека можеби би прифатил симболична плата од 1.000 евра месечно, пишува „Газета дело Спорт“.
Оваа забелешка во изминатите денови ја даде генералниот директор Мајкл Герлингер, зборувајќи за иднината на поранешниот тренер на Милан, чиј договор важи до јуни 2027 година.
„Сè уште не сме разговарале за продолжување на договорот“, објасни тој. „Можеби ќе разговараме околу Божиќ. Кој знае, можеби Пауло ќе биде толку среќен што останува, што самиот ќе ме побара плата од 1.000 евра месечно.“
Изјавата на Герлингер, секако, беше шега. Фонсека е, веднаш по Луис Енрике, втор најплатен тренер во француската Лига 1. Неговиот договор беше отпишан во времето на поранешниот сопственик Џон Текстор, кој беше сменет токму поради големото трошење во неговиот мандат.
Кога Лион пред една година беше исфрлен во понизок ранг поради буџетскиот дефицит, Фонсека сепак одлучи да остане, иако амбициите и квалитетот на тимот значително се намалија. За среќа на клубот и навивачите казната подоцна беше промената и Лион остана сезонава во најсилното друштво.
Сепак во тие моменти, Лион не можел да си дозволи ниту да го отпушти, ниту да ги плати трошоците за спогодбен раскин на договорот, а уште помалку да му понуди нов договор вреден четири милиони евра по сезона.
Поради сето тоа, клубот се снаоѓа како што може, а мерките за штедење се воведени во секој сектор. Челниците на Лион сега патуваат со метро на состаноци во Париз, додека приватните авиони за доведување засилувања се минато.
„Л'Екип“ потсетува дека Кеито Накамура од Ремс во Лион пристигна со комбе. Мерките ги опфаќаат и ВИП гостите, кои повеќе немаат бесплатни покани ниту бесплатен превоз од паркингот до стадионот. Таа услуга сега се наплаќа 12,50 евра.
Сите напори се насочени кон намалување на трошоците со цел до 2029 година да се постигне финансиска стабилност.