Барса го смачка и Сантандер за најдобар старт во историјата на клубот (ВИДЕО)

Барселона продолжува со фантастичниот старт на сезоната. Каталонскиот гигант вечерва приреди вистинска голеада на „Камп Ноу“ и со убедливи 7-2 го совлада Расинг Сантандер во шестото коло од Ла Лига.

Тоа е, всушност, најдобар старт на една сезона во историјата на Барселона која има седум победи на исто толку меча во сите натпреварувања и постигна вкупно 33 гола пто не се случило досега.

Домаќините фуриозно го започнаа натпреварот и поведоа уште во осмата минута. Жоао Кансело испрати вистински проектил од далечина и ја затресе мрежата на гостите за 1-0. Во 25. минута Барселона доби пенал, а Рафиња беше сигурен од белата точка за 2-0. Сантандер успеа да се врати во натпреварот во 30. минута преку Гује, но радоста на гостите траеше само шест минути. По уште еден одличен удар на Кансело, топката заврши во мрежата по автоголот на Вилалибре, па Барса повторно имаше два гола предност. До крајот на првиот дел уште еднаш се запиша Рафиња, кој во 42. минута погоди за 4-1.

Гостите не се предадпа и во 65. минута по киксот на Шчесни преку Забири намали на 4-2, но Барселона брзо одговори. Само две минути подоцна Рафиња повторно беше прецизен од пенал и го комплетираше својот хет-трик. Во финишот следуваа уште два гола. Габриел Жесус во 79. минута го постигна својот првенец во дресот на Барселона, а конечните 7-2 ги постави Ламине Јамал во 89. минута по асистенција од Карим Адејеми. 

По овој триумф, Барселона има 18 бода, три повеќе од Реал, а претстојниот викенд ја очекува првиот вистински тест оваа сезона, против Севиља на гостински терен.