Милан се сопна уште на стартот: Бенфика ги однесе бодовите од Сан Сиро (ВИДЕО)
Поранешниот европски шампиони оваа кампања учествуваат во второто по квалитет натпреварување на УЕФА, а ждрепката ги спои уште во првото коло. Се очекуваше жестока битка, имаше такво нешто, но Милан пред своите навивачи беше немоќен да се избори барем за бод.
Иако создадоа шанси, „росонерите“ не ја затресоа противничката мрежа, додека Бенфика максимално ги искористи своите можности. Лукебакио во 16. минута го отвори резултатот, а по неколку прилики во натамошниот дел од мечот, Камински во 53. минута стави точка на дилемите околу победникот.
Од останатите натпревари во вечерниот термин, Лион славеше на гостувањето кај Андерлехт со 2-1, додека Динамо освои бод во дуелот со Хапоел Бер Шева.
РЕЗУЛТАТИ
Милан - Бенфика 0-2
Андерлехт - Лион 1-2
Баер - Цеље 2-0
Хапоел Бер Шева - Динамо 0-0
Олимпијакос - Јагиелонија 2-1
Штурм - Рен 0-0
Сандерленд - АЗ Алкмар 1-0