Потоп во Валенсија - одложен натпревар од Ла Лига

Дуелот меѓу Леванте и Атлетик Билбао што требаше да се игра вечерва од 21:30 часот е одложен поради катастрофалните временски услови во Валенсија и ужасната состојба на теренот на Градскиот стадион.

Во Валенсија врнеше во попладневните часови, но вечерва градот го зафати пороен дожд од кој настрада теренот. Иако фудбалерите на двете екипи се загреваа, судиите утврдија дека засега нема услови за игра.

Неизвесно е само дали ќе се причека евентуално дождот да заврши или натпреварот ќе се одигра во друг термин.