Атлетико има посебен услов за Алварез доколку сака трансфер во Барселона
Барселона испратила понуда од 100 милиони евра за Алварез, но истата не била доволна за да го убеди раководството на Атлетико да го продаде Аргентинецот, кој мора да остане во Мадрид најмалку до јануари.
Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико е подготвен да го продаде Алварез идното лето за сума помала од откупната клаузула, која изнесува 500 милиони евра, но Аргентинецот мора да исполни еден услов.
Алварез наводно мора да постигне над 20 голови оваа сезона за Атлетико за да може да си замине следното лето за сума помала од пола милијарда евра.