Димитриевски ја сочува мрежата, Риоха погоди - Валенсија победи првпат сезонава (ВИДЕО)
Тоа е прва победа за Валенсија сезонава, а голема заслуга за тоа има македонскиот голман Столе Димитриевски. Тој имаше неколку спектакуларни одбрани и вторпат во ова првенство успеа да го сочува својот гол, по мечот против Селта во првото коло кој заврши 0-0.
Погодокот за победа го постигна поранешниот играч на Алавес, Риоха во 78. минута со што им донесе огромна радост на навивачите на Валенсија.