Финалето во ЛШ се враќа на „Камп Ноу“ по три децении - последното беше епско! (ВИДЕО)
Извршниот комитет на европската фудбалска организација на денешниот состанок во Солун одлучи финалето во 2028 година да се одигра во Минхен на „Алијанц Арена“, додека една година подоцна домаќин ќе биде „Камп Ноу“ во Барселона.
Минхен беше единствениот кандидат за домаќин на финалето во 2028 година, додека за финалето во 2029 година УЕФА избираше меѓу Барселона и Лондон. „Камп Ноу“ во тој избор го победи „Вембли“ и така најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал ќе се врати во Барселона по 30 години.
„Алијанц Арена“ неодамна беше домаќин на финалето во Лигата на шампионите. Пари Сен Жермен таму во 2025 година го победи Интер со 5-0 и првпат во клупската историја ја освои титулата европски првак. На истиот стадион се играше и финалето во 2012 гидуба Баерн тогаш на свој терен поведе против Челси со голот на Томас Милер, Дидие Дрогба израмни во завршницата, а Челзи по продолженијата и изведувањето пенали ја освои својата прва титула европски шампион.
„Камп Ноу“ од друга страна ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите првпат по 1999 година. Тогаш Манчестер Јунајтед во една од најславните завршници во историјата на натпреварувањето направи пресврт против Баерн со головите на Теди Шерингам и Оле Гунар Солшер во судиското продолжение и победи со 2-1.