Крај на сапуницата во НБА: Решена иднината на Каваи Ленард
Во замена за двократниот најкорисен играч во финалето на НБА, Клиперс ги добија Брендон Инграм, Грејди Дик, два пика од првата рунда, една можност за замена на пик од првата рунда, како и два пика од втората рунда.
Иако договорот меѓу двата клуба беше постигнат уште на 30 јуни, неговата официјална реализација беше одложена поради истрагата на раководството на НБА за наводно заобиколување на „слари кап“ од страна на Клиперс. Лигата на 2 септември потврди дека правилата биле прекршени преку вонсoпортски спонзорски договори кои му биле овозможени на Ленард надвор од неговиот официјален договор со клубот.
Done deal: The LA Clippers and Raptors have both agreed to complete the trade sending Kawhi Leonard to Toronto for Brandon Ingram, Gradey Dick, two unprotected first-round picks, one first-round pick swap and two second-rounders, per ESPN sources. The sides will now schedule a trade call.
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 14, 2026
Раководството на НБА изрече драстични санкции за тимот од Лос Анџелес. Клиперс беа казнети со 30 милиони долари и им беа одземени пет пика од првата рунда. Сопственикот на клубот, Стив Балмер, е суспендиран на една година од сите активности поврзани со лигата и клубот, а суспендирани се и неколку високорангирани клупски функционери. Самиот Ленард е казнет со 700.000 долари, додека на неговиот чичко и агент Денис Робертсон му е изречена петгодишна забрана за деловно работење со НБА тимови.
Ленард во официјалното соопштение се дистанцираше од прекршувањата, истакнувајќи дека ја прифаќа одговорноста за пропустите на луѓето од неговото опкружување и дека со нетрпение очекува нов почеток во Торонто. Од друга страна, Стив Балмер потврди дека клубот ќе ги прифати сите изречени казни и ќе продолжи понатаму.
Ленард се враќа во франшизата во која во 2019 година одигра една од најдобритесезони во историјата на лигата. Тогаш ги предводеше Репторс до нивната единствена шампионска титула во историјата, освојувајќи ја и наградата за МВП на финалето.