Судиите во Премиер лигата признаа дека погрешиле со голот на Халанд (ВИДЕО)

Бурни реакции предизвика во јавноста победничкиот гол на Ерлинг Халанд во градското дерби со Манчестер јунајтед, а иако во првично Премиер лигата се обиде да објасни зошто голот бил признат сега стигна и поинакво објаснување.

Имено, Судиското тело во Премиер лигата, призна грешка во проценката при признавањето на голот на Норвежанецот и потврдија дека го контактирале Манчестер јунајтед.

Според нивната реакцијата, голот не е реагуларен затоа што Енцо Фернандез кој беше во недозволена позиција имал влијание на акцијата, иако не ја допрел топката.

„Утврдено е дека Енцо Фернандез не играше со топката и затоа секој прекршок поврзан со офсајд во овој случај е предмет на субјективна проценка. Сепак, во овој случај, ВАР не го препозна веројатното влијание на неговата позиција и требаше да препорача проверка на ситуацијата од страна на главниот судија на теренот.

Ние веќе стапивме во контакт со Манчестер Јунајтед за да признаеме дека, според нашата проценка, станува збор за грешка во проценката. Случајот ќе биде дополнително разгледан“, потврдиле од Судиското тело во најсилното англиско првенство.